Тренерот на Јокиќ: Кај него најмногу ме импресионира неговата скромност

Никола Јокиќ рано утрово стигна до 100-от трипл-дабл во својата кариера, учинок кој на големо го потенцираат американските медиуми, но не и самиот тој кој уште еднаш демонстрираше дека е неверојатно скромен. По победата над Хјустон остварена со резултат 133:112, новинарите се „нафрлија“ врз  Јокиќ поради импресивниот јубилеј кој го оставри со 100-от трипл дабл (14 поени, 11 скокови и 10 асистенции), но неговиот одговор и изјавата на тренерот Мелоун говорат за неговата скромност.

– Тоа е убаво, но јас повеќе почитувам нешто друго. Јас ја почитувам нашата игра како тим. Јас никогаш не бркам достигнувања, награди или било што. Можеби ова ќе ми има поголемо значење кога ќе ја завршам кариерата, сега верувајте дека не,изјави Јокиќ.

Изјава даде и неговиот тренер, Мајк Мелоун.

– Јокиќ е неверојатен и не смееме да го сфаќаме ова здраво за готово. Долго сум во оваа работа и знам дека работите можат брзо да се променат. Затоа мораме да го почитуваме она што го прави на теренот. Тоа што неговото име се поврзува со овие историски достигнувања само не потсетува колку сме благословени што имаме играч како него. Никола е многу талентиран, оствари толку работи на теренот, на најимпресивно е тоа колку е скромен. Денеска му ја дадов топката за спомен од овој меч, а тој остана засрамен. Јокиќ не сака да биде во центарот на вниманието, открива Мелоун откако Јокиќ стана само шестиот играч со 100 трипл-дабли во НБА историјата.

Претходна вестНа Мајорка падна еден метар снег
Следна вестУкината апанажата за функционерите кои се разрешени или си поднеле оставка