Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик

И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик а јас сум оптимист за нивното донесување, изјави денеска Никола Тупанчески, министер за правда.

– Пративме уште еден допис до нив. Доколку не се произнесат, ние и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат да дадат свој предлог, своја номинација итн. Идејата е да постапиме по препораките на ОДИХР/ОБЕСЕ, меѓутоа и во однос на дефектите коишто беа констатирани при последните избори, рече Тупанчески.

Тој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.

-– Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик, рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.

 

Претходна вестГрадот Скопје ќе ја реконструира левата страна на кејот на Вардар
Следна вестРасправата за интерпелацијата за Џафери: Опозицијата обвинува за газење на Деловникот, спикерот одговара дека нема да дозволи да се корне микрофонот