Уапсен дилер во Скопје, кај него пронајден хероин

Кај млад скопјанец бил пронајден хероин и поради тоа тој бил уапсен.

– Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје. При претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и вага, информираат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестТри лица каснати од кучиња скитници во Скопје
Следна вестЈани Атанасов е нов фудбалер на Краковија