Уапсен маж од Студеничани, се самозадоволувал пред жени во автобуси

Триесетгодишен маж од скопско Студеничани е приведен бидејќи во повеќе наврати се самозадоволувал пред жени. Нему му е определана мерка притвор.

– Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените. Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.

Претходна вестСообраќајка вчера во Скопје, згмечен автомобил
Следна вестНе тераат ли големите пекари лебот да си го правиме дома?