Украден кабел од влечен мотор на локомотива, од ЖРСМ Транспорт велат дека е саботажа

Украден е кабел од влечен мотор на локомотива во кругот на ЖРСМ Транспорд АД Скопје, поради што таа не е во функција.

Ова државно претпријатие денеска соопшти дека кражбата е пријавена до МВР и е утврдена фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.

-Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечни средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.

Од команијата се сомневаат дека се работи за саботажа.

-Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, стои во соопштението.

Претходна вестКовачевски им раскажа на студентите за НАТО, ЕУ…, а Тупанчевски ги подучи да брзаат – бавно…
Следна вестНајдоа начин каде да се сретнат: Ковачевски и Мицкоски ќе се гледаат на суд