Скоро сите македонските телевизии имаат тажни вести. Дури и кога ни го најавуваа добиениот датум за преговори со ЕУ, тоа беше тажно, прибидејќи не беше точно. А многу пати така ни најавија „радост“ ама еве ја нема да дојде. Смешни се само ТВ новинарите и уредниците што дозволуваат без да проверат да лупаат неточни вести и тоа ударни на екранот.
Ма знам јас дека на нив им е поважно политичките им шефови да се мангупи барем еден ден по лажната вест, ама не знам до кога си мислат дека ние гледачите ќе ги гледаме и ќе дозволиме да не прават мутави.
Уште посмешни ми се баш таквите новинарчиња кога бараат некој новинар патриот да биде казнет оти ја величел Македонија на спортски натпревар оти тоа не било европски. А најсмешни ми се оние уредничиња кои се бутаат да бидат у раководствата на новинарски здруженија и потоа да држат лекции како да се внимава на лажните вести, а баш у нивните медиуми српскиот партијарх почина еден ден пред навистина да почине и никому ништо – не се ниту извинија. И пак тие уредничиња држат лекции. Ама јас не ги гледам веќе па шо сакаат нека прават на нивните медиуми.