Дванаесетгодишно дете е прободено со остар предмет кај Зелено пазарче во Скопје, соопшти МВР.
-Инцидентот се случил вчера вечер во 19.59 часот. Во полиција било пријавено дека на плочник во близина на Зелен пазар, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице, се наведува во информацијата на полицијата.
Малолетникот бил пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.