Вечерва завршува двонеделната изборна кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат во недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до недела во 19 часот, кога ќе се затворат гласачките места.
Во вториот круг, граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во општина Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување на три избирачки места за членови на Советот.
Во сабота, еден ден пред главното гласање, први ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Скопје го одржа својот завршен митинг, на кој говореа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



