Филипче и СДСМ уште ли мислат со кого ќе коалицираат во недела или пак никој не сака да игра со нив?

30

Кандидатите за градоначалници се растрчани уште овие неколку часови пред да заврши кампањата вечерва на полноќ. Партиите брзаат, ловат нови гласови, ветуваат, но и преговараат со оние кандидати кои отпаднаа во првиот круг.

Што на ова поле направи СДСМ?

Венко Филипче во неделата најави дека „најкасно до среда” ќе објави со кого и каде ќе коалицира неговата партија во вториот круг на локалните избори. Денес е петок, втор ден по среда и последен ден од изборната кампања, а Филипче уште молчи. Дали чека инспирација за одлуката да му дојде од Муртино, Халкидики или Дубаи?

Но додека тој се мисли, синоќа на кафе муабет за Карпош се дружеа Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ и Маја Мојсова кандидатката на СДСМ која испадна по првиот круг. Во паника од партијата на Филипче поитаа да дадат соопштение дека ќе побараат објаснување од нивната кандидатка за оваа средба.

СДСМ ако се уште мисли и се премислува кого да поддржи, а од кого да бара поддршка, јавноста е со прашања: дали навистина се убедени дека во првиот круг имале одличен резултат, па вториот за нив е само формалност и не му се замараат? Дали можеби СДСМ, сепак одлучил наместо јавни, да прави тајни коалиции? Или пак, никој не сака да игра со нив, оти гласовите на СДСМ не им се битни?

Но да почекаме, можеби сепак пред затворањето на кампањата ќе дознаеме со кого ќе соработува СДСМ во вториот круг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДербито е денес – Вардар и Силекс ќе се надигруваат за лидерската позиција
Следна вестКога хидрологијата паѓа, увозот расте: што ни кажува август и зошто искористувањето на хидропотенцијалот е важен