Уапсен 37-годишен скопјанец кој си возел куршуми во автомобилот

22

Синоќа околу 20:35 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишен скопјанец.

При извршен претрес на возилото му нашле 100 куршуми.

Скопјанецот е приведен и, како што соопштија од МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВозачот што избега откако прегази и тешко повреди 11-годишно девојче е уапсен
Следна вестБританскиот крал Чарлс Трети го разреши својот брат од титулата принц