Темен режим Режим на светлина

(Видео) Совет за новиот градски совет: Немојте да бидете како минатиот состав кој беше нефункционален

Се формира новиот Совет на Град Скопје. Пред новоизбраните советници стои сериозна работа – да го оправат Градот кој кризира во многу области. На Скопје ќе му треба посветеност и исполнителност од 45-те советници кои ја добија довербата од скопјани.

Ќе биде ли така останува да покаже времето. Првите сигнали од шесте новоизбрани советници од ДУИ кои одбија да ги примат уверенијата за новиот состав оти не биле дојазнични, не охрабруваат многу. Но, другите советници ветуваат дека ќе се посветат на работата која ги чека.

Сепак останува да им се даде првиот совет: Немојте да бидете неефункционални како минатиот состав. Свежи се сеќавањата на многуте блокирања, на јавните кавги на претседавачот и градоначалничката и за многуте нереализирани ветувања.

Инаку, во новиот совет ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, по 6 советници имаат Левица, „Вреди” и ДУИ, а СДСМ има пет советници. По еден советник имаат Коалицијата „Искуство за успех”, партијата ЗНАМ и граѓанските листи на „Независни заедно” и „Зелен хуман град”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(Видео) Што го предомисли Филипче да не коалицира со никого во вториот круг, иако го најави спротивното?

Следна објава

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски, проблемите во град Скопје ќе се надминат