Возачот што избега откако прегази и тешко повреди 11-годишно девојче е уапсен

23

Синоќа уапсен е 59-годишен скопјанец, кој два дена претходно, прегазил 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков” во Скопје, по што побегнал од
местото на настанот.

Девојчето со тешки телесни повреди беше пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, каде ѝ е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Полицијата по интензивна потрага го пронашла возачот и возилото, а по наредба на јавен обвинител тој е задржан во станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСопственикот доби кривична пријава – хотел во Скопје крадел струја
Следна вестУапсен 37-годишен скопјанец кој си возел куршуми во автомобилот