Викендов ново прскање против комарци на територијата на Скопје

Ќе има ново прскање против комарците во Скопје. Имено, Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Прскањето против комарци ќе се реализира на 13.08.2022 година (сабота) и на 14.08.2022 година (недела), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестБугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Македонија
Следна вестЧовечки труп пронајден по течението на Треска во кичевско, полицијата не открива детали