Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Владата застанува комплетно во поддршка на Општината Делчево и сите штети кои се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој и министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски, извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево.

При посетата на Општина Делчево се сретнаа со пратеничката Соња Михаилова и градоначалникот Горан Трајковски кој детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и Делчевско да се врати во нормала.

Министерот Бочварски истакна дека Владата застанува целосно  во поддршка на Општината.

-Граѓаните да бидат уверени, заеднички ќе ги надминеме овие тешки моменти. Институциите се ангажирани, заедно со општината и градоначалникот Трајковски ги утврдуваме сите настанати штети, особено во делот на инфраструктурата. Најважно е неопходната инфраструктура да ја вратиме во една нормална состојба, екипи на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта веќе работат на најоштетените пристапни патишта до градот и уверувам дека се што е наша моќ ќе сториме за да го вратиме нормалното живеење во општината. Владата застанува комплетно во поддршка на Општината, на градоначалникот и сите штети кои се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички, истакна Бочварски.

Претходна вестТри лица искасани од кучиња во Аеродром и во Центар
Следна вестИзлетувањето од патот кај Подмочани кобно за ресенчанец