Темен режим Режим на светлина

Три лица искасани од кучиња во Аеродром и во Центар

Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

Три се здобиле со повреди откако вчера во Скопје биле нападнати од бездомни кучиња.

Во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на бул.„Србија“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 10.10 часот во Полициската станица Центар, С.М.(53) од Скопје пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“  била касната од куче скитник.

Исто така, во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Ш.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Слупчане се бара да се простат долговите за струја постари од 15 години

Следна објава

Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево