Во Слупчане се бара да се простат долговите за струја постари од 15 години

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, бара на жителите од селото Слупчане да им се простат долговите за сметки за електрична енергија што се постари од 15 години, откако изминатиот период стана јасно дека таму не му се дозволува на ЕВН да работи на обновување на мрежата.

-Проблемот е што сметките за струја се стари повеќе од 15 години, кои жителите не ги платиле. Велат дека за овие долгови нема судска постапка, но во фактурите се прикажани како основен долг. Бараат да се отпишат овие долгови, вели Арифи.

Градоначалникот на Липково за Дојче веле вели дека мрежата не е проблем – туку долговите на жителите на Слупчане.

-ЕВН изминатиот период вршеше санација на мрежата во повеќе села во регионот. Слупчане остана последното село каде треба да се изврши модернизација на мрежата, како и уште неколку планински села, вели Арифи.

Тој тврди дека жителите немаат ниту против ваквите зафати на ЕВН – напротив и тие сами бараат да се реконструира целата мрежа.

Инаку проценките велат дека само за жителите на Слупчани се краде 80 отсто од потрошената струја годишно.

-Проблем се старите долгови од пред 15-20 години кои што ги имаат и бараат да им се поништат. Нема ниту една постапка, а долгот им стои, објаснува Арифи.

За колкави долгови точно станува збор, според Арифи не знаат ниту самите жители на Слупчане. Претпоставките се дека долговите толку имаат пораснато за изминативе 20-тина години.

Претходна вестСтојанче Ангелов: Во Делчево немаше загрозени човечки животи
Следна вестТри лица искасани од кучиња во Аеродром и во Центар