Владика Петар: Вселенската патријаршија бара „ерга омнес“ име за МПЦ-ОА

Со радост го очекуваме томосот од Вселенската патријаршија, но доколку е безусловен, зашто најголем проблем е условувањето за името на нашата црква да не го создржела зборот Македонија или каква било изведенка од името Македонија и да им ја предаме јуриздикцијата на дијаспората нив, истакна владиката Петар во интервју на ТВ 24. Тој зборуваше за барањата содржани во синодалниот акт на Вселенската патријаршија од 9-ти мај 2022 година со кој се прима МПЦ-ОА во евхаристиско единство.

-Условите се следните. „Ерга омнес“ само Охридска архиепископија секаде да употребуваме. Да се обезличиме. Да не го спомнуваме името во никој контекст, Македонија, македонска или каква било изведенка од него. И да ја дадеме дијаспората. Од тоа ништо не е прифатливо за сиот македонски народ свештенството наше, за монасите, освен за предавниците. Ете, нека не признаат како Охридска архиепископија, Јустинијана прва, како што е титулата на нашиот архиепископ и наместо Македонска православна црква, нека се додаде името како што е нашата држава во Обединетите нации. Нема никаков проблем за тоа признавање, објаснува г. Петар.

Владиката Петар ги отфрли како неточни тврдењата на дел од јавноста дека поради тоа што МПЦ-ОА не ја признала Православната црква на Украина за која Томосот го издаде Вселенската патријаршија, дека е повод за одолговлекувањето на доделувањето на Томосот за автокефалност на нашата црква од страна на Фанар. Тоа прашање рече, владиката Петар, било надминато уште минатата година при сослужувањето за Духовден со владиците на Вселенската патријаршија, дека тоа ќе го направат откако ќе го направат прво сите автокефални цркви.

Претходна вестОблачно со повремени врнежи од дожд
Следна вестМеѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“