Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи на навреди од Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој молчи и не реагира на, како што велат, навредливи изјави од Бугарија упатени кон македонскиот народ и идентитет.

Од партијата наведуваат дека Филипче речиси две недели не ја осудил изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која, според нив, ги нарекла Македонците „северномакедонци“. ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот молк е недозволив и претставува избегнување на јасен политички став.

Во соопштението дополнително се наведува дека лидерот на СДСМ „прави лични политички калкулации и продолжува со сервилност“, а му се забележува и што не се оградил од изјави на член на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, кој, според ВМРО-ДПМНЕ, изјавил дека Гоце Делчев е „мит“ и дека „не направил ништо за Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквиот пристап претставува политика на попуштање која, како што велат, може да отвори простор за нови политички притисоци и уцени кон државата.

„Македонскиот идентитет не е предмет на преговори. Македонскиот јазик и историја не се тема за политички пазарења“, се наведува во соопштението, од каде додаваат дека државата има потреба од политичари кои, како што велат, ќе го бранат државниот интерес без двоумење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Половина Влада би требало да си замине доколку се забрани двојното државјанство, обвинија од СДСМ

Следна објава
Мицкоски: Очекувам утре РКЕ да ја намали цената на бензинот и дизелот за по 1,5 денари

Мицкоски не поддржува надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија