Темно Режим Светло Режим

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ на Филипче му смислиле празен концепт за програма

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ на Филипче му смислиле празен концепт за програма ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ на Филипче му смислиле празен концепт за програма

„Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт,“ изјави на денешната прес – конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме,“ додаде Манасиевски и продолжи: „ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС.

Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика – скратена работна недела.
Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер.

Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт,“ констатира Манасиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
СДСМ: Духот на Груевски се уште е во институциите, се враќаме во 2016 година

СДСМ: Духот на Груевски се уште е во институциите, се враќаме во 2016 година

Следниот Пост
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Саркастичка реакција на СДСМ: Како расте цената на пиперките, така расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, како расте цената на нафтата...