Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора заедно имаат двојно помалку заразени со корона вирусот од Македонија. Ова е капитулација на системот и негрижа за животот и здравјето на сопствените граѓани, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Новата нормалност на Зоран Заев и СДСМ се 89 заразени и 7 починати лица во последното деноноќие. Тој биланс од црниот понеделник е резултат на неспособноста на власта на Заев и политичкиот диктат што го прави на здравствените власти.
Во Македонија има вкупно 2315 заразени и со тоа сме на врвот по заразени во регионот на милион жители. Во Македонија има 140 починати и сме убедлив црн рекордер во целиот регион по жртви од корона вирусот на еден милион жители.
И покрај ваквите бројки Заев и СДСМ наместо да размислуваат за здравјето и животите на граѓаните, тие тераат кампања и зборуваат за датуми на избори.
Јасна е причината сакаат избори со премала излезност за нивниот пораз да не биде толку убедлив. Во Услови кога половина СДСМ и Влада се во самоизолација, тие ја убедуваат јавноста во нивните партиски флаери дека ја победиле корона епидемијата. Тоа покажува колку се тотално одлепени од реалноста. Ним здравјето и животите на граѓаните не им се приоритет, приоритет им е како да ја спасат политичката кариера на Зоран Заев, стои во опозициското соопштение.