Темен режим Режим на светлина

Во „голфот“ на пензионери од Батинци пронајдени 195 куршуми

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм, информираат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Следуваат структурни реформи и илјада нови вработувања во здравството

Следна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

Од сабота до вторник ЈСП со неделн возен ред