Темен режим Режим на светлина

Во секој месец од 2025 година невработеноста се намалува, Министерството за труд очекува да продолжи и годинава

Во секој месец од 2025 година невработеноста се намалува, Министерството за труд очекува да продолжи и годинава Во секој месец од 2025 година невработеноста се намалува, Министерството за труд очекува да продолжи и годинава

Секој месец од минатата година се намалувала бројката на невработени. Според податоците на Агенцијата за вработување на Македонија во ноември 2025 година како невработени биле евидентирани 90.278 лица.

За споредба, еден месец претходно бројот на невработени изнесувал 91.434 лица, а во септември бројката изнесувала 94.480 лица, додека во август како невработени биле пријавени 95.032 граѓани.

Овие податоци, според Агенцијата, укажуваат на јасен и стабилен тренд на намалување на невработеноста.

Од Министерството за економија и труд пак, очекуваат овој тренд да продолжи и во наредниот период, особено со примената на новиот Закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, бидејќи и многумина од „невработените” се всушност неформално вработени, ама нивната плата не е исплаќана преку системот на УЈП.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Следна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош