Home АКТУЕЛНО Во Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој

Во Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој

0
Во Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој

На социјалните мрежи деновиве постојано се поставуваат прашања од заинтересирани наши граѓани за условите под кои може да вакцинираат против ковид-19 во Србија

Дилемата можат ли и под кои услови денеска ја разреши државниот секретар во тамошното Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, кој рече: Само странски државјани со пријавен престој во земјата, можат да се вакцинираат во Србија.

Тие како и државјаните на Србија, можат да аплицираат за вакцинација преку платформата „Е-управа“, а ќе бидат повикани за вакцинација во најблискиот центар за вакцинирање до местото на престој.

Досега во Врање се вакцинирале околу 70 наши граѓани со српско државјанство, кои ја примиле вакцината на „Синофарм“, а од тамошниот здравствен дом велат дека има голем интерес.