Во Србија, според последните податоци, откриени се уште 2.518 заразени со корона вирусот, а починаа 16 болни од Ковид-19.
Тестирани биле 10.266 лица. На болничко лекување се 3.569 пациенти, од кои 151 на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 2.846.122 лица, а вирусот е потврден кај 436.640. Од последиците на корона вирусот починаавкупно 4.337 пациенти, а процентот на смртност изнесува 0,99 отсто.Во Србија се спроведува масовна вакцинација, а досега се вакцинирани 1.226.553 граѓани, дури 427.859 ги примија двете дози од вакцините.