Во Врање вчера се вакцинирале повеќе македонски одошто српски државјани

Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во Врање се дадени вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, во споредба со 38 српски. Втора доза, пак, примиле 58 македонски државјани и 47 Срби.

Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица.

Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на 28.106 граѓани од Србија, 12.258 дози на лица од Македонија, а државјани на БиХ шест дози.

Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум.

Претходна вестСудските процеси за организиран криминал и корупција под будно око на ОБСЕ и ЕУ
Следна вестФК „Вардар“ доби нов сопственик и шанса за големо враќање