Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, информира градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски, при што се врши реконструкција и проширување на дел од сообраќајницата.
Во рамки на оваа фаза е извршена рехабилитација на постојниот коловоз и проширување на сообраќајните ленти со цел подобрување на протокот на возила.
Со проектот се создаваат услови за подобра поврзаност и побезбедно одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје.
Булеварот „Македонија“ е дел од поширок инфраструктурен зафат, кој треба да донесе значајни промени во сообраќајот во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




