Осум пациенти починале од корона вирусот последното деноноќие. Ова пред малку го соопшто Министерството за здравство преку Фејсбук.
-Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.
По градови: Скопје 80, Куманово 6, Штип 1, Прилеп 3, Тетово 24, Струга 1, Велес 3, Охрид 5, Гостивар 4, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Кичево 1, Ресен 4, Неготино 1лице, стои во соопштението.
Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.
До сега во Македонија се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.