Темен режим Режим на светлина

Вучиќ: Довербата кон Западот веќе не постои, германскиот амбасадор се меша во се, па дури и во тоа каков грав ќе се јаде

Вучиќ најави избори во Србија на 12 јули или на крај на октомври Вучиќ најави избори во Србија на 12 јули или на крај на октомври

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше изјавите на германскиот амбасадор Јорн Роде, велејќи дека тој е – познат по своите антисрпски ставови и дека се меша во се, почнувајќи од тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица. Тој во изјавата од Азербејџан за ТВ Пинк, кокретно ја коментираше изјавата на Роде дека барикадите во Косово треба да бидат отстранети до Божиќ.

– Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ, рече Вучиќ.

Вичиќ истакна и дека српската војска е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговара за воена соработка.

– Секако дека ни треба силна војска, инаку би не голтале како мачка и глушец, вели Вучиќ, а потоа ги коментираше и односите со Турција. На односите со нив, вели тој, ќе влијае тоа што тие ја вооружуваат Приштина, мислејќи на беспилотни летала.

Вучиќ рече дека за кризата на северот на Косово, како врховен командант на српските вооружени сили, ќе носи одлуки во согласност со интересите на својот народ.

– Подобро да зборуваме илјада дена отколку да одиме во војна еден ден, рече Вучиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈПДП: Граѓаните ќе можат да купат М-таг на рати преку А1 и Телеком

Па нели ќе ја намалуваа цената на патарините?

Следна објава

5 милиони луѓе ги пречекале аргентинските фудбалери, има загинати, повредени...