Темен режим Режим на светлина

За аферата со возачки дозволи ќе одговараат и тие што ги издавале и тие што ги добиле

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Одделението за издавање лични докумети поради Злоупотреба на службена положба за издавање на возачки дозволи на лица кои немале положен испит.

За еден од вработените во МВР се бара притвор поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. За другите се бара забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

За аферата ќе одговараат и 31 лице кои ги добиле ваквите дозволи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Основец од Штип „растура“ средношколска математиката, но министерството го потсетило дека отишол премногу напред

Следна објава

Гоце Делчев има среќа, лидерите Заев и Пендаровски имаат Фејсбук профили