Темно Режим Светло Режим

За три години Универзална сала ќе биде готова уверува министерката Костадиновска Стојчевска

-За Универзална сала, првата фаза е веќе истендерирана и треба да се заврши. Сега ќе се истендерира и втората фаза. Обезбедивме финансии за три години и воедно ветивме дека за три години Универзална сала ќе биде готова, со клуч на рака, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Таа додаде дека помина долг пат во примопредавањето на документите, но процесот конечно заврши и кон крајот на оваа недела ќе може инвеститорот да почне со работа.

Министерката додаде дека за годинава се предвидени 120 милиони денари, додека за наредните две години се планирани поголеми суми за реконструкцијата на Универзална сала.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Следниот Пост

Спасовски со илегален Правилник воведе „Северна” во лични карти и на ист начин Тошковски може да ја укине, вели Апасиев