Заев и Мицкоски ќе помуабетат пред камери или ќе се договараат во интерес на Македонија?

Конечно ќе има обид за постигнување на консензус за најважните актуелни прашања во Македонија од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Денеска ќе има средба Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

На средбата очи в очи во 13 часот во Клубот на пратениците тие треба да разговараат за одржувањето на пописот, блокираниот парламент, Изборниот законик, пандемијата на корона вирусот, блокираните евроинтеграции… До средбата доаѓа откако Мицкоски минатата недела изјави дека е подготвен за една таква средба во интерес на граѓаните.

– Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за се што е денеска отворено, а не решено, рече Мицкоски.

Заев веднаш возврати дека ја прифаќа понудата.

-Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на Фејсбук.

Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите.

Ќе има ли успех средбава? Прашањето се наметнува од самиот факт дека овие двајца лидери и до сега многу пари повикуваа на заедништво, но на терен работата одеше о спротивен правец. Заев дури не ни сметаше дека Мицкоски е достоен за разговор, што го укажа и со понудата за соработка со ВМРО-ДПМНЕ но без нивниот лидер.

Ќе си помуабетат троа пред камерите или навистина ќе се договараат во интерес на Македонија? Времето за глумење на заинтересираност за заедништво одамна е поминато, сега е време за реално делување во тој правец.

Многу скоро ќе видиме на што се подготвени од двете партии.

Претходна вестЛевица: Во дијаспората се попишуваат и лица без македонско државјанство
Следна вестСловенија воведува десетдневен делумен карантин