Запленети околу 7000 парчиња пиротехнички средства

На 23.12.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола. Имено, на 23.12.2023 во времето од 00:20 до 01:05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на  З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Претходно, на 22.12.2023 во 20:30 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестСДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар
Следна вестПретрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер