Затворен автопатот Скопје-Тетово во двата правци поради големиот пожар кај Желино

85

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информира дека автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци.

-Од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино, велат од АМСМ.

Граѓаните се повикуваат да не патуваат на овој потег и да користат алтернативни патишта сè додека трае блокадата.

За дополнителни информации, се препорачува следење на соопштенијата од надлежните служби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАктивни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес
Следна вестСемејствата на загинатите во Кочани бараат Мицкоски да ја објави целата снимка од состанокот