Темен режим Режим на светлина

Жителите на Хром без автобуси – работите на канализацијата во застој

Жителите на Хром без автобуси – работите на канализацијата во застој Жителите на Хром без автобуси – работите на канализацијата во застој

Втор месец жителите на скопската населба Хром се без јавен превоз поради изградба на атмосферска канализација, а последните две недели на терен нема никакви градежни активности.

Поради раскопаната улица, автобусите не сообраќаат, што секојдневно им создава проблеми на граѓаните кои се принудени да пешачат или да користат алтернативен превоз.
Жителите реагираат дека работите се одвиваат бавно и бараат побрзо завршување на проектот, со оглед дека долго време се соочуваат со ограничена пристапност и нарушено секојдневие.
Станува збор за инфраструктурен зафат кој треба да ја подобри одводната мрежа, но засега предизвикува сериозни проблеми во функционирањето на населбата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Започна обнова на патот Мршевци–Дељадровци во Илинден

Започна обнова на патот Мршевци–Дељадровци во Илинден

Следна објава
Вработен во МВР приведен по опасно и агресивно однесување во сообраќајот

Вработен во МВР приведен по опасно и агресивно однесување во сообраќајот