Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура од 25 јануари

Се подготвува стартот на првата онлајн Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Почнува на 25 јануари а ќе трае до 5 февруари. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ова го организира во рамките на сите проекти и настани предвидени на национално и на меѓународно ниво во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески (1921-1993).

На зимската школа ќе учествуваат 52 учесници од 16 земји – БиХ, В. Британија, Грција, Италија, Канада, Косово, Полска, Русија, САД, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. За наставата се ангажирани се лектори (предавачи и професори) со долгогодишно искуство.

Претходна вестШилегов не спие: 100 пати најавениот трамвај доби уште една најава
Следна вестСе слави Богојавление – крштевањето на Исус, годинава без фрлање на крстови во реките и езерата