На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните полициски контроли.
Полициските патроли изрекле и седум мерки за возење без возачка дозвола и четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





