Темен режим Режим на светлина

Уште шестмина руски дипломати ќе бидат протерани од Македонија

150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби 150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија во наредните пет дена“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

МНР пред две недели прогласи петмина дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава, откако земјава се приклучи кон санкциите на ЕУ.

Минатата година двајца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август и беа протерани од земјава.

И во двата случаја Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Фамилија Аеродром“ слави 25 години постоење, се очекува и успехот на кошаркарите на МЗТ Скопје

Следна објава

Денеска завршува грејната сезона - ако е ладно дневно ќе се одлучува дали ќе имаа греење