Темен режим Режим на светлина

Владата и СОНК викендов ќе утврдуваат за колку ќе се зголемат платите во образованието

Владата и претседателството на СОНК во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување.

Денеска се одржал состанок во Владата, на кој биле премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Артан Груби и Фатмир Битиќи, министрите Фатмир Бесими, Јетон Шакири и Јована Тренчевска, и претставниците на СОНК на кој е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Арсовска разговараше со продавачите во куќичките на Кејот за да се најде решение

Следна објава

Протест пред Кривичен суд, се бара правда за Викторија Николова која настрада кај „Сити мол“