Србија на вчерашната владина седница донела одлука со која се крева рампата за извоз на два милиона литри масло за јадење во земјава, а според направените проценки, таа количина ќе биде доволна за еден месец.
Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Можно е, како што објасни министерот, доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Посочи оти состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана.
-Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавува два или трипати повеќе масло за јадење говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




