Темен режим Режим на светлина

Променлива пролет: Денеска до 23 степени, од утре за 10 степени постудено

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Умерено до значително облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во недела и понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Облачно и дождливо цела следна недела

Од недела обилни врнежи, засилен ветер и заладување

Следна објава

Викендов одлука дали штрајкот во училиштата и градинките ќе оди во мирување додека се преговара