Темен режим Режим на светлина

Контролите продолжуваат, ама и несовесните возачи не се откажуваат – вчера 193 казни

Во Скопје вчера се казнети 193 возачи во акциски контроли што ги спровела  сообраќајната полиција.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 40 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за нерегистрирани возила, три санкции за управување под дејство на алкохол…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Не се брани и докажува македонштината со потпишување договори туку со дела

Следна објава

Што разменувале вработени во лаборатории од Македонија и Бугарија?