Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.688 теста, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 17, Штип – 4, Прилеп и Кавадарци – по 3, Велес, Гостивар и Струмица – по 2, Куманово, Тетово, Охрид, Кичево, Неготино, Ресен, Радовиш и Берово – по 1. Од вкупниот број позитивни (96), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавен еден смртен случај на лице од Охрид на возраст од 85 години, починато на 4.4.2022 година во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.030, од кои 565 во Скопје.




