Темен режим Режим на светлина

Арсовска разговараше со продавачите во куќичките на Кејот за да се најде решение

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска се сретна со претставници на корисниците на дрвените куќарки на Кејот „13 Ноември“ кои деновиве станаа актуелно војавноста откако алармираа дека градот ги иселува од таму.

Арсовска, според соопштението од нејзината прес-служба разговарала за тоа како да се реши проблемот, бдејќи како што се вели тие од 2018 година ги користат овие објекти без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење.

-Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година, велат од Градот.

Исто така од градската власт велат дека од ваквата состојба штета трпат и корисниците на куќичките бидејќи немаат решен статус, и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.

Освен овие информации во соопштението нема предлог како ќе се реши проблемот, дали корисниците ќе добијат нови договори, или ќе се дислоцираат на друг место. Се работи за продавач на книги и плочи и други предмети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Две нестабилни карпи висат над браната на Матка

Следна објава

Владата и СОНК викендов ќе утврдуваат за колку ќе се зголемат платите во образованието