Темен режим Режим на светлина

157 сообраќајни прекршоци во Скопје, 16 санкции за возачите на мотоцикли

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои и 16 санкции за возачите на мотоцикли, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 38 санкции и 16 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се и девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 26 за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за користење на мобилен телефон…, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупреди МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Петков ќе достави до бугарскиот парламент француски предлог за укинување на ветото

Следна објава

Прескапо е: Владата да ја преразгледа одлуката за акцизите на горивата