Темен режим Режим на светлина

17-годишник на мопед удри во девојче од Маџари

Вчеравечер во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ со ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје удрил во малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобила малолетничка констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Кривична пријава за кражба на огревни дрва во Прилеп

Уапсен кичевец кој нелегално превезувал дрва

Следна објава

Италија ќе ја пречека Македонија на „Олимпико“ во Рим