Граѓаните на Сараево и денеска продолжуваат со протестите, по несреќата на 12 февруари, кога трамвај излета од шините, при што загина 23 годишен студент, а неколку беа повредени.
Вчера оставка си поднесе премиерот на сараевскиот кантон, а возачот на трамвајот, за кого претходно обвинителството бараше одредување притвор,
е ослободен.
Организаторите на протестите бараат објава на целосни и транспарентни информации од истрагата, итно повлекување на сите стари трамваи од сообраќај, како и оставки од сите одговорни лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: