26 починати и 530 новозаразени лица од вирусот

 

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19. Нивозаразените се во: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25, Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81425, бројката на оздравени пациенти е 58720, на починати е 2427, а бројот на активни случаи изнесува 20278. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35148, активни 11519
• Куманово 4642, активни 578
• Дебар 605, активни 118
• Штип 3250, активни 313
• Прилеп 4114, активни 649
• Тетово 4691, активни 905
• Струга 1985, активни 357
• Велес 2694, активни 526
• Битола 2971, активни 627
• Охрид 2350, активни 599
• Кавадарци 2042, активни 583
• Гостивар 3336, активни 612
• Гевгелија 1121, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2255, активни 636
• Крива Паланка 597, активни 119
• Радовиш 602, активни 124
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1574, активни 252
• Пробиштип 440, активни 47
• Демир Хисар 232, активни 39
• Македонски Брод 210, активни 27
• Пехчево 145, активни 26
• Берово 487, активни 51
• Валандово 299, активни 67
• Виница 440, активни 67
• Делчево 662, активни 205 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 192, активни 24
• Свети Николе 1031, активни 121
• Кичево 1549, активни 254
• Ресен 625, активни 140
• Неготино 975, активни 326 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1999 теста се преку: ИЈЗ-465, ЦЈЗ Скопје-85, Авицена-160, Биотек-175, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со PCR метода -125, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-20, Ремедика-36, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -553, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 392.376 тестирања на Ковид -19.

Претходна вестСпасовски: Имаме посебен оперативен план за новогодишната ноќ
Следна вестНагради за најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје