Темен режим Режим на светлина

30 лица приведени при демонстрации и немири во Минеаполис – САД

Полициjaта во американскиот град Минеаполис соопшти дека најмалку 30 лица се уапсени, обвинети и ослободени за време на демонстрациите во центарот на градот. Ова се случува, неколку дена откако агент на Службата за имиграција и царина застрела и уби жена во градот.

При протестите еден полицаец претрпел полесни повреди откако луѓето „фрлале снег, мраз и камења кон полицајците” како и кон полициски возила.

Полицијата соопшти дека најмалку 30 лица се приведени.

Инаку, низ САД се одржаа серија протести поради убиството на Рене Гуд во Минеаполис на 7 јануари. Демонстранти се собраа и пред Белата куќа, носејќи транспаренти и повикувајќи на промени и поголем надзор врз имиграциската и царинската служба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вратен мандатот за формирање на влада во Бугарија веднаш откако е доделен, оди ли Софија кон нови избори?

Следна објава

Награда во Хрватска за етнолошко-документарниот филм од старата скопска чаршија