Темен режим Режим на светлина

Вратен мандатот за формирање на влада во Бугарија веднаш откако е доделен, оди ли Софија кон нови избори?

Бугарија пак влегува во политичка криза. Вратен е мандатот за формирање на влада кој го додели претседателот Румен Радев. Имено, бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од бугарскиот претседател.

Инаку, уште во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот.

Се очекува Радев да го додели мандатот на друга партија, но од Жељазков веке се зборува за нови избори и тој кога го врати мандатот го посочи 29 март како датум за ново гласање во Бугарија. Тој рече дека кризата не треба да се претвори во политичка и институционална.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Студот и снегот воведоа вонредна состојба во 11 српски општини

Следна објава

30 лица приведени при демонстрации и немири во Минеаполис - САД