Темен режим Режим на светлина

35 поранешни и 19 сегашни градоначалници не пријавиле имотна состојба, меѓу нив се и Арсовска и Ѓорѓиевски

35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси. Од друга страна и 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси. Ова го соопштија од Државната комисија за спречување на корупцијата.

На посочениот список се гледа дека обврската не ја извршиле ниту претходната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ниту сегашниот градски татко Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, согласно Законот за спречување на корупцијата сите функционери имаат обврска да ја пријават својата имотна состојба

Од комисијата најавуваат дека ќе ја следат сосстојбата и ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кандидатите за градоначалници ги добија редните броеви на гласачките ливчиња за претстојните избори во овие четири општини

Следна објава

СДСМ: Фирма со тројца вработени добила тендери за 1,2 милиона евра; ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговори…